Кандидатката за градоначалник на Париз Натали Козиоско-Морзе реши на оригинален начин да привлече што е можно повеќе гласови во кампањата објавувајќи што ќе стори со напуштените станици за метро во главниот град на Франција. Меѓу предлозите има и базен кој може да се направи во станицата која никој веќе не ја користи.
Ако Козиоско-Морзе стане градоначалник на Париз, таа ќе биде прва жена на таа позиција во историјата на главниот град на Франција. Нејзиниот адут во таа борба е планот за оживување на метростаниците и нивно претворање во нешто корисно и функционално. Во соработка со архитектите Манал Ражди и Николас Лесен осмислила неколку проекти во кои напуштените станици ќе ги претвори во базен, театар, ресторан, уметничка галерија и ноќен клуб. Тоа се само некои од проектите кои таа планира да ги претстави и да ги реализира ако во март биде избрана за градоначалник.
Некои од станиците се затворени бидејќи веќе не се потебни, други не биле ни завршени, бидејќи патот над нив никоггаш не бил направен. Во Париз има осум напуштени метростаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.