На симболичен начин со сечење на лента, денес и официјално ќе биде отворен малиот плоштад во Охрид. Свечениот чин на пуштање ќе го означи градоначалникот Никола Бакрачески.
Малиот плоштад кој се наоѓа кај поранешната градска библиотека е прекрасно амбиентално место кое го разубави градот. Изградбата на малиот плоштад и урбанизацијата на овој крајезерски дел ја поздравија сите граѓани но и туристите кои за Водици можеа да го видат конечниот лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.