| четврток, 6 декември 2018 |

Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија прослави патронат

Јавната библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија вчера со културно-уметничка програма во хотелот „Аполонија“ го одбележа својот патронат – 142 години од раѓањето на Гоце Делчев. Чествувањето го отвори поетот Михаил Ренџов, потоа беше отворена ликовна изложба на гевгелискиот уметник Зафир Хаџи-Митров, а програмата заврши со настапи на градскиот хор „Гортинија“ и ансамблот „Бојмија“.

015 rab poseta na Gevgelija-Ogledalo

Почетоците на библиотечната дејност во Гевгелија датираат од 1910 година, кога во градот е формирано првото читалиште за потребите на драмската секција и располагало со симболичен книжен фонд донесен од приватните библиотеки. Во периодот меѓу двете светски војни читалиштето не работело редовно. По ослободувањето на Гевгелија, тоа е обновено до донација на околу 3.000 книги,од граѓаните. Зградата во која е сместена библиотеката е прогласена за споменик на културата.

Во оваа библиотека се чува и оригиналното издание на „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ. Книгата долго време била во домот на едно семејство кое сега ја донирало и таа ќе биде соодветно заштитена и реставрирана и ќе се чува заедно со останатите вредни предмети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top