Модниот викенд Скопје на 14 февруари, Денот на виното и на вљубените организира „Невестинска модна вечер“ во Музејот на македонската борба со почеток во 19 часот. Ова е прв настан од ваков тип во Македонија.
Вечерта ќе биде исполнета со модни ревии за сите дами кои се подготвуваат за најпосебниот ден во животот. Идните сопруги кои сѐ уште не се сигурни околу својот избор или веќе го имаат замислено својот идеален венчален фустан, ќе можат да го пронајдат во најновите модели на македонските дизајнери и реномирани бутици за венчаници. На модната вечер ќе се претстават студиото „Зиане“, потоа дизајнерката Мила Кадриу, Ал Апарел, Емил екскузив дизајн, ателје „Зана“, и бутикот за венчаници „Бјанка“. Освен големиот избор на невестински фустани, на модната писта ќе можат да се видат и вечерни тоалети.
Креациите ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.