| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето кое го роди Авганистанката на граница ќе има македонско државјанство

policija granica

Бебето кое вчера се роди на македонско-грчката граница ќе добие македонско државјанство, без разлика што неговата мајка е од Авганистан.

Авганистаската државјанка вчера се породи на македонско-грчката граница. Според законите, ако мајката нема македонско државјанство, а детето е родено на македонска територија, автоматски му се доделува македонско државјанство.

Авганистанката не се пријавила на граничниот премин, туку била забелжана од гранична патрола во близина на Богданци. Бидејќи добила породилни болки, вработените во граничната патрола немале избор освен да и помогнат во породувањето. Веднаш била повикана итна медицинска помош. За среќа, итната медицинска помош пристигнала брзо, па успеале да ја однесат до болницата во Валандово, каде на гинеколозите им останало само да ја пресечат папочната врвца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top