| четврток, 6 декември 2018 |

Матичните лекари мора да водат електронски амбулантски дневник

lekari

Матичните лекари од овој месец мора да воведат електронски амбулантски дневник.

Електроснкиот дневник е илустрација од дневното работење на лекарот и здравствената установа, со податоци за сите здравствени услуги кои од страна на лекарот се пружени на пациентите, терапијата која е издадена, здравствените совети, боледувања, и сите останати активности  поврзани со укажување на здравствена услуга. На крајот од работниот ден, сите податоци внесени во електронскиот дневник се печатат во хартиена форма, се вели во препораката од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Како што укажува ФЗОМ, електронски амбулантски дневник треба да се води на ниво на здравствена установа.

За секој лекар во склоп на установата се води посебна евиденцција во заеднички амбулантски дневник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top