| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат во историјата дневникот на ХРТ доцнеше три часа поради дочекот на фудбалерите!

Поради спектакуларниот дочек на фудбалската репрезентација на Хрватска, дневникот на Хрватската радио-телевизија синоќа доцнеше дури три часа, што е првпат во историјата на телевизијата.

Повеќе од пола милион луѓе се слеаја на улиците во Загреб да ги поздрават светските вицепрваци, така што нивното доаѓање на главниот плоштад се одолжи, па според тоа се одолжи и телевизискиот пренос кој траеше повеќе од 10 часа.

Првото доцнење на дневникот во историјата на ХРТ беше забележано првпат минатата година, кога поради проблеми со техниката, тој почна 13 минути подоцна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top