Македонските граѓани за туристички посети и активности минатата година потрошиле околу 500 милиони евра кај соседните земји, од кои дури 30 отсто во Албанија, објави македонскиот амбасадор во Тирана, Стојан Карајанов на неговата средба со министерката за Урбан развој и Туризам во Владата на Албанија, Еглентина Ѓермени. Заради продлабочување на меѓусебната соработка албанската министерка Ѓермени на средбата побарала двете соседни земји да оформат заедничка туристичка понуда.
На средбата е нагласено дека треба да се зголеми соработката во сферата на туризмот помеѓу надлежните институции и притоа Карајанов преку албанската министерка Ѓермени ги покани албанските туристички оператори да се претстават на Саемот на туризмот, што ќе се одржи во Скопје.
Инаку албанските туристички оператори на неколку пати во текот на минатото лето сопштија дека последните години во пораст е бројот на туристите од Македонија кои летуваат на албанското крајбрежје, но истите додаваат дека во пораст е и бројот на албанските туристи и тоа на Охридското крајбрежје, потоа во Маврово и во Дебарските бањи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.