| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда Кер е ново заштитно лице на „Х и М“

миранда кер

Миранда Кер е новото заштитно лице на шведската модна марка „Х и М“ за пролетната кампања. Кер (30) ссвен што мометно е на насловните кампањи на „Шопстајл“ и „Сваровски“, таа сега ќе биде и новата ѕвезда на оваа популарна модна марка во пролетната кампања.

Целата кампања ќе биде објавена во март, но единствената фотографија која е објавена досега од „Х и М“, најавува дека пролетната колекција ќе има романтична и нежна нота.

Поранешниот ангел на „Викторија’с сикрет“, кој магазинот „Форбс“ ја рангираше како втора најплатена манекенка во 2013 година, ја замени Жизел, која беше прогласена за најплатена манекенка. Жизел досега беше заштитно лице на „Х и М“. Миранда Кер не соработува повеќе со „Манго“ и местото ѝ го отстапи на Украинката Дарија Вербови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top