Манекенката Миранда Кер се појави сосема гола на насловната страница на австралиското издание на магазинот „Харперс базар“ за јануари и за февруари 2016 година.
На муштериите од синџирот супермаркети „Колс“ тоа им се чинело сосема непримерно, па маркетот од своите полици ги повлекол сите примероци од списанието.
– Како одговор на реакциите на нашите купувачи, од кои повеќето пазарат со деца, го тргнавме списанието од продажба – стои во соопштението.
Уредничакта на „Харперс базар“, Кели Хуш изјави разочарување поради таа одлука и непрепознавање на уметничкиот интегритет на фотографиите. Додаде дека фотографијата ја слави женственоста.
-„Харперс базар“ секогаш ги славеше одважните жени – некои со визија, преданост, стил и некој што од ништо не се плаши. Миранда можеби е гола, но таа е пионерка и оваа насловна го слави тоа- изјави Хуш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.