| четврток, 6 декември 2018 |

Ред облаци, ред сонце…

oblaci so sonce

Среда ќе ни донесе повторно повеќе сончево отколку облачно време. Иако денот ќе започне со умерена облачност, сепак тоа нема да биде одлика на денот. Очекуваме позначително намалување на облачноста претпладне. Во текот на вечерта ново наоблачување се очекува од запад.

Според Метеопро, минималната температура низ котлините ќе биде малку повисока во однос на претходното утро и ќе биде во границите помеѓу -4°С и 0°С, а на повисоките места таа ќе се спушти околу -6°С. Максималната ќе достигне вредност помеѓу 6°С и 9°С, низ котлините. Малку потопло, со максимални 11°С, ќе биде во Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Во Скопје денот започнува умерена облачност, а потоа се очекува намалување на облачноста и подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер. Минималната температура ќе има вредност околу -2°С, а максималната околу 9°С.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top