„Ред Хот Чили Пеперс“ веќе подолго време најавуваа спектакуларен настап на отварањето на Суперболот, но сепак до тоа не дојде со оглед дека целиот настап бил на плејбек.
Иако изгледаше како луда журка и одличен настап на бендот, во еден момент се виде дека гитарата не е приклучена. Целиот еуфоричен настап всушност бил глума.
Членот на групата Фли на „Твитер“ напиша да се обрати внимание дека и неговата бас гитара не била приклучена.
Во соопштението момците објасниле дека сите други членови имале настап во живо, само бас гитарата на Фли била исклучена. Исто така и дека се разочарани бидејќи од целиот настап вниманието е свртено на тој инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Историјата се повторува, кога Њу Ингланд го освојуваат Супербол, тогаш и Челси е шампион
-
Опседнати со првата дама: Меланија под лупа и на забавата за Супербол
-
Спектакуларното шоу од Суперболот кој долго ќе се памети (видео)
-
Најлудиот Супербол во историјата, Њу Ингланд по продолжение славеше над Атланта


