| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Гејтс веќе не е претседател на „Мајкрософт“

bil gejts

Бил Гејтс, сопственикот на „Мајкрософт“ веќе не е претседател на Упрвниот одбор на оваа американска софтверска компанија. Индиецот Сатја Надела (46) сега е нов директор на компнијата на местото на Стив Балмер.

сатја недела

Сатја Надела

Гејтс од денеска ќе му биде советник за технологија на Надела. Иако се веруваше дека еден од најбогатите луѓе на светот ќе се повлече од челната позиција на компанијата и ќе се посвети на филантропскиот живот, тоа не се случи.

Надела го замолил Гејтс да биде негова десна рака во наредниот период и тој прифатил. Пред Недела се наоѓа голем предизвик – реорганизација на компанијата и заклучување на договорот со компанијата „Нокија“.

Индиецот во „Мајкрософт“ дојде пред 20 години. По завршување на универзитет во Индија каде што дипломирра, се преселил во САД и продолжил со образованието.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top