Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница донесе одлука за свикување конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија.
Конвенцијата за избор на кандидат за претседател ќе се одржи на 1 март 2014 година.
Во согласност со статутарните документи, конвенцијата е тело на партијата кое на непосреден, директен и таен избор ќе одлучи кој ќе биде кандидат за претседател на Република Македонија.
– Овој начин на избор на кандидат за претседател е високодемократски, транспарентен и отворен процес. Ова е висок стандард во политиката, за кој се надеваме дека ќе биде применлив и од страна на останатите политички партии – изјави Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека свикувањето на конвенцијата за избор на кандидат за претседател е редовна практика која ВМРО-ДПМНЕ ја применува од своето формирање. Владејачката партија на сите досегашни претседателски избори избира кандидат низ демократска процедура, при што делегати одлучуваат врз база на своето убедување, а врз основа на вредностите, принципите и програмите на предложените кандидати.
Како претходна процедура, ВМРО-ДПМНЕ ќе објави јавен повик, а право да приложат своја кандидатура имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат уставните услови за извршување на функцијата претседател, кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ или се поддржувачи на политиките на партијата и се наоѓаат себеси во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за државните и за националните прашања.
Одговарајќи на новинарски прашања, Димовски истакна дека владејачката партија внимателно ги следи случувањата на политичката сцена, посебно тие на ДУИ.
– Ставовите на ДУИ отвораат нови прашања кои заслужуваат внимание и оставаат сериозен простор за анализа – рече Димовски.
За прашањето за предвремени парламентарни избори, тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, а одлуката ќе ја донесе врз база на националните интереси и доброто на државата.
Целото видео погледнете го на Република ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



