| четврток, 6 декември 2018 |

„Скопски пазар“ отвора нов продажен комплекс во Чаир

„Скопски пазар“ а.д. Скопје на 5.2.2014 година (среда) ќе го отвори новиот проширен и комплетно реновиран продажен комплекс во населбата Чаир. Во рамките на комплексот потрошувачите ќе можат да купуваат од новиот „СП маркет“, реновираниот зелен пазар и 13 други продажни локали со различни содржини.

Новиот „СП маркет“, кој се простира на површина од преку 700 квадратни метри ќе вработи 25 лица и ќе понуди богат асортиман од преку 10.000 производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет.

За олеснување и подобрување на работењето на зелениот пазар во Чаир, „Скопски пазар“ изврши адаптација и модернизација на просторот поставувајќи 58 современи тезги, комплетно реновирање на помошните простории и изградба на рампа за прием на производи.

Дополнително реконструираните локали во склоп на продажниот комплекс им овозможуваат на потрошувачите пристап до широк избор на производи и услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top