| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт ужива на Карибите, принцот Вилијам над книга

Војвотката од Кембриџ се одмора на Карибите со синот Џорџ, додека, пак, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам остана дома, мора да учи за испитите.

Вилијам ги продолжил студиите на „Кембриџ“ и поради обврските морал да го прескокне одморот, но затоа Кејт и целата нејзина фамилија заминале на Карибите.

Магазинот „Хело“ успеал да ги фотографира младата мајка и шестмесечниот син кога стигнале на оваа егзотична дестинација.

Таа била сместена во вилата, чиешто изнајмување изнесува 23.000 фунти неделно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top