Македонскиот фудбалски шампион денеска на прес-конференција ги промовира новиот тренер, рускиот стратег Сергеј Андреев, и новиот извршен директор Самоил Симев.
Откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го презеде раководството на „црвено-црните“, се случија и првиоте промени во македонскиот најтрофеен клуб. Како тренер е доведен искусниот руски стратег Сергеј Андреев. Тој на прес-конферецијата ги пренесе првите импресии.
– Многу сум среќен што ќе работам во Вардар. Вардар е најтрофеен клуб во Македонија и секогаш со успех настапувал во македонското првенство и во куповите во Европа. Досега одработивме три тренинзи и полека се запознавам со екипата. Задоволен сум од играчите, кои полеки ги запознавам. Сѐ уште не ги знам сите, но во брзо време ќе ги запознаам. Задоволен сум од играчите што го засилија Вардар во зимскиот преоден рок. Добиваме двајца напаѓачи кои се поранешни репрезентативци на Македонија. Првата наша задача е да го освоиме првенството третпат по ред и во текот на летото да се претставиме во добро светло во меѓународните купови. Ќе се залагам тимот да игра агресивен фудбал и со многу голови. Целта ни е да ги вратиме и навивачите на трбините – додаде Андреев.
Нов извршен директор во клубот ќе биде Самоил Симев, кој на ова место ќе го наследи Горан Митев, кој, пак, го презема директорското место во младите категории во ФК Вардар.
– Свесни сме за предизвикот што го преземаме. Нѐ очекува тешка и напорна работа. Раководењето со клубот носи одговорност бидејќи знаеме каков бренд е Вардар. Само со чесна, искрена и макотрпна работа ќе ги оправдаме очекувањата. Целта е шампионската титула во нашето првенство за да се задржи, континуитет и подобро презентирање на Вардар и на македонскиот фудбал преку квалификациите во Лигата на шампионите – изјави Самоил Симев.
Како нови играчи што потпишаа за Вардар денеска беа претставени Илчо Наумовски, Филип Ивановски, Александар Трниниќ и Анеј Ловречич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј





