Еден до најдобрите тенисери на светот, српскиот тениски ас Новак Гоќовиќ, и неговата свршеница Јелена Ристиќ би требало да се венчаат во јули оваа година на Свети Стефан или во Монте Карло.
Покрај најблиското семејство, на свадбената веселба ќе присустуваат и колегите на Ноле од тениските терени, но и многубројни припадници на светскиот џет-сет.
Шакира редовно ги гледа мечевите на Новак на Отвореното првенство на САД и е негов голем фан. Тие се запознале на еден прием во Њујорк и потоа се сретнале уште на неколку хуманитарни настани. Шакира е воодушевена од неговиот шарм и духовитост. Со тек на време станаа пријатели, така што Новак и Јелена одлучиле да ја покант на нивната свадба.
Освен Шакира, на венчавакта на Ноле и Јелена се очекува, меѓу останатите, да присуствуваат и Роберт де Ниро, Марија Шарапова и Енди Мареј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.