| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: Вработувањето на професионалните војници ќе важи ретроактивно

emildimitriev

На вчерашната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  донесе одлука со која ѝ даде насока на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во процесот на собраниска процедура на носење на измената и дополнувањето на Законот за служба во АРМ, со која се предвидува професионалните војници на служба во АРМ по исполнување на условот од 45 години старост како максимална старосна граница, да се вработат во државните институции.

Со тоа значително се проширува опфатот на претходно утврдената мерка на Владата за згрижување на професионалните војници по исполнувањето на обврската кон Армијата.

– Оваа мерка ќе важи за поранешните професионални војници, кои заклучно со 31.12.2013 година се водат како невработени лица во Агенцијата за вработување на Р. Македонија. Цел на оваа мерка е да им се помогне на невработените лица и нивните семејства – изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.

Во мандатот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за Армијата се случија две покачувања на старосната граница на професионални војници. Сега се решава егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство. За првпат Армијата се облече во македонска униформа, се покачија платите на вработените, се инвестира во касарните, повторно се отвори Воената академија и други позитивни работи кои го јакнат имиџот и капацитетот на Армијата.

Целото видео може да го погледнете на Република ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top