Речиси нема човек што не го познава легендарниот лидер на поранешната југословенска група „Електрични оргазам“, чијшто хит „Игра рокенрол цела Југославија“ и ден-денес ги обединува бившите републики.
Срѓан Гојковиќ, или како што сите го знаат Гиле, на 14 февруари ќе ги обедини скопјани во срцето на Старата скопска чаршија – култното катче „Галерија 8“. Нашиот православен празник Свети Трифун и комерцијалниот ден на вљубените Св. Валентин, Гиле ќе се обиде да ги направи уште повесели со својот диџејски сет, составен од соул, фанк, реге, рок и латино.
Музичкиот виртоуз со својата група „Електрични оргазам“ има издадено вкупно 18 албуми, а самостојно еден албум и неколку албуми во соработка со Влада Дивљан. Тоа што е интересно за неговата музичка кариера е дека идејата за групата паднала на собиранка веднаш по концерт на „Леб и сол“.
„Галерија 8“ редовно е домаќин на познати имиња од Балканот кои своите музички способности ги покажуваат на оригинален стар грамофон. Неодамна како диџеи се покажаа и Васко Тодоров, поточно Тошо Малерот, како и синот на претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.