| четврток, 6 декември 2018 |

Гиле од „Електрични оргазам“ се замонашува

Фронтменот на рок групата „Електрични оргазам“, Срѓан „Гиле“ Гојковиќ има намера следната година да се замонаши во будистички храм во Мјанмар, објави „Блиц“.

Гиле пред неколку години се приклони кон будизмот, и сега е потпретседател на друштвото „Средишен пат“, чиешто седиште се наоѓа во Белград, и кое постои веќе пет години. Се планира и изградба на будистички храм во околината на српскиот главен град.

-Секогаш се прашував кое  објаснувањето на оваа егзистенција, што тука всушност се случува на практичко- филозофско ниво. Кога ја прочитав првата книга за будизмот, ми се причини како првиот логичен одговор. Совршено разбирлив, без никаков мистицизам, магични сили, сѐ можев да провериш врз основа на лично искуство. Така сѐ тргна. Буда бил човек чиј што најблиску може да се опише како доктор. Успеал да го сознае кој е најголемиот проблем на човечката егзистенција, а тоа е вечното незадоволство и патење. Будизмот дава дијагноза, кажува како потекнала болеста на умот и на крајот ти дава насока како да се излечиш- објаснува Гиле.

Пејачот, заедно со Бранко Ковачевиќ, претседателот на друштвото, беа домаќини на Камај Дамамаи, кој држеше предавање за таа религија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top