| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо води со 8:1 против Меси

Кристијано Роналдо минатиот викенд доби директен црвен картон на натпреварот со Атлетик Билбао, а тоа му е вкупно осми црвен картон во неговата кариера.

Поради тоа, најдобриот играч на светот би можел да добие суспензија од три натпревари во шпанската Примера дивизион.

Роналдо добил по четири црвени картони во Манчестер јунајтед и во Реал Мадрид, а од друга страна неговиот најголем ривал Лионел Меси досега никогаш не заработил црвен картон за неговиот клуб. Сепак, Меси поцрвенел во националниот тим, па така моментално Роналдо статистички води со 8:1, што и не е баш за фалење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top