Најмалку 17 лица се повредени денеска кога автобус што превезувал 51 ученик се превртел во ендек во близина на францускиот град Нанси.
Еден од учениците е потешко повреден и е префрлен во болницата во Нанси, додека другите 16 ученици минале со полесни повреди.
– Патот беше лизгав. Возачот ја загубил контролата врз автобусот и тој се превртел на страна – информира противпожарната служба.
Со истрагата ќе бидат утврдени точните причини за несреќата, соопшти Регионалниот центар за информирање и координација на патиштата (ЦРИЦР).
Некои деца и дел од нивните родителите, меѓутоа, за ТВ станицата „Франс 3 Лоран“ изјавија дека причина за несреќата било пребрзото возење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



