Германски групи на компјутерски хакери и активисти за човекови права соопштија дека ќе ја тужат владата во Берлин, затоа што, според нив, го прекршила законот помагајќи им на странски шпиони да дејствуваат во Германија.
Компјутерскиот клуб „Хаос“ и Меѓународната лига за правата на човекот поднеасоа кривична пријава пред Федералното обвинителство со тврдење дека германската канцеларка Ангела Меркел, нејзината Влада и безбедносните служби „толерирале, па дури и им помагале“ на припадници на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот Центар за владини комуникации (ГЦХК) да шпионираат германски државјани.
Групите посочуваат документи, обелоденети од поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, што докажуваат дека биле следени електронската пошта, пораки на социјалните мрежи и телефонски разговори на обични граѓани.
Компјутерскиот клуб „Хаос“ се надева дека пријавата ќе го натера главниот јавен обвинител да преземе мерки против Владата. Оваа најголемото здружение на хакери се бори за подобра заштита на личниот живот и редовно укажува на проблеми во системите за електронска безбедност.
Федералното Јавно обвинителство со месеци тактизира со одлуката дали да започне истрага за активностите на НСА, но сега ќе треба да се одговори на поднесената кривична пријава.
Германската Влада изрази резерви кон некои од обвиненијата и се обидува да склучи договор за забрана на взаемна шпионажа со САД.
Опозицијата, меѓутоа, ја обвинува администрацијата на Меркел дека не врши доволен притисок врз Вашингтон поради стравот дека ќе им наштети на дипломатските односи и разузнавачката соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Вашингтон: Системите на 21 сојузна држава биле цел на хакери пред ланските избори



