ДИК ги утврди роковите за претседателските избори на 13-ти април. Кандидатите кои сакаат да учествуваат во изборната трка до 13-ти март треба да ги достават своите кандидатури.
Процедурата за собирање потписи за кандидатите кои не можат да обезбедат потписи од 30 пратеници – што е првата можност за кандидирање, ќе почне од 16ти февруари и ќе трае 15 дена, до 2 март.
Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите, односно од 24 март и ќе трае до 11 април на полноќ од кога почнува изборниот молк. Граѓаните ќе имаат рок од 20 дена да извршат увид во избирачкиот список, поточно од 16ти февруари до 2 март.
Иако изборите се веќе распишани, досега се познати само двајца потенцијални кандидати кои ќе собираат потписи. Ниту една од парламентарните партии не го соопштила името на кандидатот, а дали ќе влезе во битка за втор мандат не одговорил ниту актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.
На последните претседателски изори во 2009-та од седум кандидати само еден влезе во изборниот маратон со потписи од пратеници, додека шестмина го поминаа квалификацискиот праг со собирање на 10 илјади потписи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот



