| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ бара алиби за поразот на престојните избори

vmro

Опозициската СДСМ почна со прес-конференции во кои се жалат и бараат алиби за поразот на престојните избори. Очигледно се свесни дека ја немаат поддршката од граѓаните за нивната политика и се обидуваат на секој можен начин да ја девалвираат работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

– Пред само една недела во Собранието на Република Македонија се донесоа измените на Изборниот законик во кој беа опфатени сите барања на СДСМ, што и самите високи функционери на СДСМ го поздравија. Оттука не ни е јасно зошто овојпат на СДСМ повторно нешто им смета и не им се допаѓа. Ние за разлика од СДСМ го почитуваме она што е договорено и се држиме целосно до одредбите од Изборниот законик – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што се наведува, не е задоволна и од овие промени на Изборниот законик кои ги донесовме со консензус во Собранието. Тие можеби би биле најзадоволни доколку во година на избори Владата и државните институции не би работеле, не би се отворале нови фабрики и работни места или не би се исплаќале плати, пензии, субвенции и социјални трансфери.

– СДСМ не може да сфатат дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив континуирано спроведува неколку илјади мерки, реформи и проекти во интерес на граѓаните и поради тоа граѓаните му ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ во неколку изборни циклуси по ред – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top