Премиерот и министерката ги разгледаа просториите во Центарот за обука, каде што се одржуваат најсовремени обуки за пилоти, а беа презентирани и техничките можности на опремата за обука, како и концептот на обуката за кандидатите за пилоти што ќе се пријават на неодамна распишаниот конкурс на МВР.
Министерката Јанкулоска истакна дека во овој модерен тренинг-центар пилотите можат да се обучуваат во најсовремени услови за летање во комерцијални услови, па сѐ до специфични летања, како и да добијат сертификати.

– Капацитетите на центарот очекуваме во првите неколку години да ги задоволат потребите на Република Македонија, тоа значи дека низ процесите на селекција и тренинг ќе поминат неопходниот број пилоти за потребите на армијата и полицијата, а овој центар би можел да се користи и на комерцијални основи, односно во зависност од интересот на земјите од регионот, па и поширокот, може да се користи и како тренинг- центар за обновување на постојни сертификати, но и за стекнување сосема нови сертификати за летање – истакна Јанкуловска.
Таа доаде дека има голем број пријавени кандидати на огласот за пилоти во елтината хеликоптерка единица на МВР, односно дека за само една недела се пријавиле 91 кандидат, од кои девет се жени, и очекува бројот на кандидатите да расте бидејќи, како што посочи министерката, огласот трае 28 дена и до крајниот рок остануваат уште три седмици.
– Очекуваме, како што се доближува истекот на рокот, бројот на кандидати да расте. Наша претпоставка е дека дел од кандидатите сѐ уште прибираат документација и оти ги прават оние неопходни административни подготовки за да ја поднесат финалната апликација – појасни Јанкулоска.
Голем број млади луѓе, како што рече, се интересираат да влезат во процесот на селекција за да бидат пилоти кои ќе управуваат полициски хеликоптер.
Јанкулоска додаде дека во овој Центар пилотите што беа регрутирани на еден од претходните конкурси за потребите на Армијата сe при крај со обуката и, како што нагласи, оваа прва генерација пилоти наскоро ќе може да се вклучи во редовното функционирање на Армијата.
Според неа, целта е да се мотивираат што е можно повеќе млади луѓе кои, како што рече, можеби отсекогаш во животот посакувале својата идна професија да ја пронајдат во воздухопловството. Таа ги повика сите заинтересирани да се пријават на конкурсите и да бидат селектирани најдобрите.
Повеќе фото на Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда
-
Јанкуловска има ризична бременост, не дојде на судењето на „Тенк“
-
Пилотите во МВР ќе добијат нови јакни


