| четврток, 6 декември 2018 |

Буцо Битбокс: Секојдневно вежбам за „Јас имам талент“ (ВИДЕО)

Македонскиот битбоксер Мартин Атанасовски, познат како Буцо Битбок полека, но сигурно, се подготвува за аудициите на „Јас имам талент“. Засега, тој е прв македонски претставник на овогодинешното српското шоу кое веќе неколку години ги собира најголемите таленти од регионот.

buco

Буцо, кој веќе 3 години го развива својот талент, вели дека во Македонија постојат неколку битбоксери кои со своето искуство му помагаат. Но, тука е и „Јутјуб“.

– Мојот талент останува само да се усовршува и да се развива на различни настапи, соработки и слично. Подготовките ми се е секојдневното вежбање и тренинг, а за разлика од вообичаеното вежбање, пробите за шоуто се малку понапнати, бидејќи верувам дека шоу од ваков тип бара поголема посветеност – вели Буцо за „Република“.

Шоуто „Јас имам талент“ ќе започне по завршвањето на „Икс-фактор“, а видеото е дел од подготовките на македонскиот претставник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top