| четврток, 6 декември 2018 |

Син на пратеничка раководи сајт, туристички работници се новинари

lence_nikolovska-650x374

Раководител на интернет-порталот „Бриф“ е Илин Николовски, син на пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ленче Николовска. Инаку, Ленче Николовска е поранешна новинарка во телевизија „А1“, каде што беше одговорен уредник на земјоделската програма, пишува „Нетпрес“.

Во „Бриф“ работи и Нора Шаќири, препознатлива како член на градската организација на СДСМ. Нејзиниот брат, пак, Арбен Шаќири беше промовиран како член на партискиот совет на култура на СДСМ. Нивни шеф и газда, како што претходно споменавме, е Илин Николовски, кој има неполни 22 години. Тој е единствен основач и управител на фирмата Друштво за дигитални медиуми „Бабински“ д.о.о.е.л. на која е регистриран сајтот. Паричниот влог за основање на фирмата е 5.100 евра, кој го дал Илин, што е завидна сума пари за еден студент.

Ваквите податоци говорат дека Илин Николовски, всушност, можеби е само е про форма на тоа место и зад него стојат одредени политички интереси, кои го водат информативниот сајт.

И ова личи на случај во кој има директна поврзаност на политиката и на медиумите.

Вториот случај, кој е непомалку интересен, е работењето на сајтот „А1 он“. Негов сопственик е поранешниот новинар во телевизијата „А1“, Предраг Петровиќ. Тој сајтот го регистрирал на Друштвото за дигитални медиуми „Онлајн медија“ д.о.о.е.л. Скопје, каде што е единствен основач и сопственик со основна главнина од 326.000 денари.

– Тој за 2012 година прикажал приходи од 1.078.588 денари, што за еден сајт-почетник е добра сума. По ова сопственикот решил да го надгради својот портал и направил црногорска верзија на сајтот. Тоа што е многу интересно е што ако на сајтот на црногорската верзија се влезе во импресиумот ќе се види адреса на седиште и телефон и имиња на новинари, кои доколку се пребараат на „Гугл“ ќе се види дека, всушност, луѓето од импресиумот што се преставени како новинари, уредници и сниматели водат туристичка агенција, која се вика ТТС. Дури и телефоните се идентични, што значи дека туристичките работници од Црна Гора водат медиум под покровителство на „А1 он“, што е скандалозно и отвора значителен сомнеж и во најмала рака го урива кредибилитетот на самиот информативен сајт – пишува „Нетпрес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top