| четврток, 6 декември 2018 |

Субвенциите помагаат да се одржи производството на тутун

tutun 2

Сувенциите што Владата ги дава на тутунарите за производство на оваа култура помагаат тоа да се одржи и шири поради што е потребно истите да продолжат да се делат, сметаат во Стопанската комора на Македонија. Оттаму истакнуваат дека тутунското производство во земјава има посебно економско, но и социјално значење, а Рамковната конвенција за контрола на тутунот и престојниот состанок, кој ќе се одржи во Женева, претставува потенцијална закана за оваа гранка во нашата земја. Oваа конвенција, која Македонија ја ратификуваше, предвидува намалување на вкупното светско производство на тутун, како и намалување на површините засадени со оваа култура, а во исто време се залага и за заштита на здравјето на лицата  што се вклучени во производството на тутун.

– Во реколтата 2012-2013 година се произведени 29.000 тони тутун, а оваа година се склучени 42.367 договори, што е за првпат по 2008 година – истакна денеска Васко Ристовски од СКМ, нагласувајќи дека извозот на оваа култура учествува со четири до пет отсто во вкупниот извоз на земјава.

Во светот минатата година е забележано производство од над седум милиони тони, додека во Европската унија нивото на произведен тутун е околу 260 илјади тони, што бележи извесно намалување.

Според Ристовски, производството на ориентален тутун во земјава значи егзистенција на голем број семејства, посебно во руралните средини, а доколку се насадат други култури на земја на којашто е одгледуван тутун, истите нема да ги дадат потребните резултати.

Владата нуди силна поддршка за производство и откуп на произведениот тутун во земјава, преку субвенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top