| четврток, 6 декември 2018 |

Сиетл сихокс го понижи Денвер бронкс на 48. супербол

Сиетл сихокс одличната сезона во НФЛ, во која забележи 13 победи, а во плејофот беше недопирлив, на 48. супербол, кој се одигра на стадиониот „Мет лајф“ во Њујорк, ја заврши така што ја понижи екипата на Денвер бронкс победувајќи ја со 43-8.

До првиот трофеј „Винс Ломбарди“ екипата која важеше за најдобриот дефанзивен тим во НФЛ-лигата во финалниот меч ја совлада екипата која беше незапирлива во нападот во претходниот дел од сезоната. Пејтон Менинг, квотербекот на Бронкс, беше тотално непрепознатлив, а за тоа говорат и двете пресечени топки во првото полувреме по кои Сихокс успеа да поентира.

Дека на Денвер не му се пишува добро беа двата гола на Сихокс кои ги постигнаа во првата четвртина. Во вториот период следуваа уште два тачдауна, па на полувремето Сиетл заминаа со резултат 22-0.

До првиот и единствен поен Денвер стигна во последната секунда од третиот период, со што си ја спаси честа и успеа да избегне да биде единствениот тим што би останал на нула по 60 минути играње. Победникот се знаеше на почетокот од третиот дел кога Перси Харвин со кикоф ретрн зголеми на недостижни 29-0.

Играта на Сиетл може да се опише со само еден збор – тимска. Сѐ под команда на неискусниот, но импресивен Расел Вилсон, кој со 25 години стана најмладиот квотербек што го освоил Супербоул. Ова за него беше само втора сезона во НФЛ. Момчето кое имаше само 9 години кога Менинг влезе во НФЛ.

За најкорисен играч на мечот беше избран дефанзивецот на Сиетл, Малком Смит, a Сихокс стигнаа до првата титула во историјата. Сиетл стигна и да ги постигне најбрзите поени во историјата на супербоулот, само по 12 секунди, со што го урна рекордот на Беарси од 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top