![bukurest[2]](http://republika.mk/wp-content/uploads/2014/02/bukurest2.jpg)
Поликлиниката „Букурешт“ во Скопје ќе се реконструира од темел по пауза од половина век. Ова денеска го најави Никола Груевски, премиерот на Македонија.
Реконструкцијата ќе чини 24 милиони денари. Пред неколку години Владата инвестираше само во промена на прозорците, санитарните јазли и тоалетите.
-Владата прави темелна реконструкција на целата поликлиника. Ова е многу значајно бидејќи Букурешт прима најголем број пациенти годишно од сите поликлиники во Скопје. Има високо ниво на образован стручен кадар, голема доверба од пациентите и не случајно најмногу пациенти доаѓаат во оваа Поликлиника. Дневно само доаѓаат околу 1.500 пациенти, истакна Груевски.
Оваа реконструкција е дел од проектот на Владата за градење и реконструкција на болници и клиники во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


