| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал се врати на врвот во „Премиер лигата“ (видео)

Alex Oxlade-Chamberlain, Mikel Arteta

Арсенал со денешната победа над Кристал палас од 2-0 се врати на врвот на табелата. Избранциите на Арсен Венгер имаа проблеми да го скршат отпорот во првиот дел и не успеаа да реализираат неколку шанси за гол. Головите беа постигнати во вториот дел преку младиот играч Окслејд Чемберлен. Тој беше двоен стрелец во 47 и 73 минута од натпреварот и со тоа ги разреши сите дилеми за победникот на оваа средба.
Ливерпул не успеа да победи на гостински терен против ВБА. Гостите создадоа неколку стопостотни шанси, но реализираа само една преку Даниел Стариџ. Луис Суарез при резултат 1-0 за својот тим не успеа од само неколку метри да ја погоди мрежата на противникот. Казната стигна по само неколку минути преку Аничебе кој ја искористи катастрофалната грешка на Коло Туре. Со овој нерешен резултат Ливерпул е се подалеку од првото место на табелата и сега заостанува осум бода зад лидерот.
Утре се игра дербито на колото каде Манчестер Сити го пречекува тимот на Жозе Мурињо Челси.


Arsenal 2-0 Crystal Palace (All Goals) 02… by ourmatch

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top