| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи трет меч без победа (видео)

roma

Во 22 коло од италјанската прва лига „Сериа А“ тимот на Горан Пандев Наполи загуби на гостувањето кај Аталанта со 0-3.
Ова е трет натпревар на кој Наполи не успева да извојува победа. По двете нерешени средби денеска убедливо загуби.
Тренерот на Наполи Рафа Бенитез се одлучи да ротира во тимот и на клупата го остави најдбриот стрелец на тимот аргентинецот Игуаин, а на негово место мечот од првата минута го започна Запата. Горан Пандев иако го одигра целиот натпревар се вклопи во сивилото на својот тим. Двоен стрелец за Аталанта беше Герман Денис додека еден гол постигна Моралез.
Натпреварот меѓу Рома и Парма беше прекинат по само десетина минути игра поради облини врнежи од дожд. Натпреварот започна, но по кратко време беше констатирано дека нема услови за игра по што судиите го прекинаа и испратија фудбалерите во соблекувалната.
Лацио и Верона извојуваа значајни победи на гостински терен. Лацио беше поуспешен од Киево со 2-0, додека Верона му го нанесе првиот пораз на новиот тренер на Сасуоло Малезани со 2-1.
Вечерва се игра дербито на Италија каде лидерот на табелта Јувентус го пречекува Интер. Натпреварот започнува во 20.45 часот.

Резултати: Аталанта – Наполи 3-0, Киево – Лацио 0-2, Сасуоло – Верона 1-2, Катанија – Ливорно 3-3, Рома – Парма прекинато.


Atalanta 3-0 Napoli (All Goals) 02.02 ourmatch.net by ourmatch

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top