| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Ќе дадам се од себе најдобро да ја претставам Македонија (Видео)

Чест е да се биде избран во овој тим, јас иако имам 31 година, тука сум „Руки“ (почетник), па ќе дадам се за најдобро да се претставам себе си, тимот и мојата држава, вели Перо Антиќ во кусото интерву.

За повредата вели дека американските доктори сториле се што можеле, но дека е потребно време, а тоа му паѓа најтешко- да ги гледа мечевите од дома, наместо да игра.

Секако, како и во сите интервјуа кои ги дава Антиќ, следува прашање и за Македонија.

– Да се игра за националниот тим е прекрасно, но кога дојдов тука, сите „збеснаа“. Цела држава „збесна“ кога бев избран за Ол Стар, тоа им значи многу, да се види играч од нашата држава е голема работа, па затоа ќе дадам се од себе – вели Антиќ во кусото видео интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top