Притворениот грузиски државјанин осомничен за потпалување автомобили во текот на протестите во Киев на испрашувањето во полицијата изјавил дека за тоа му било платено од опозициските демонстранти коишто го заземаа Домот на синдикатите во центарот на украинската престолнина, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на украинското министерство за внатрешни работи.
Приведениот во полициското испрашување потврдил дека откако барајќи работа се запознал со непознат час „отидовме во зградата со часовникот (Домот на синдикатите)…, таму луѓе ми дадоа пари, бензин и листа со автомобили коишто треба да се запалат”, рекол осомничениот.
„Му предале список со автомобили кои треба да бидат запалени, пари и бензин”, се наведува соопштението на украинското министерство за внатрешно работи.
Во текот на неколкуте изминати денови во Киев беа запалени повеќе од 20 автомобили. Потоа полицијата соопшти дека уапсила 26-годишен државјанин на Грузија во една од киевските населби кога со уште еден маж се обидувал да запали автомобил. Меѓутоа, и опозицијата претходно изјави дека биле подметнати неколку пожари во возила на учесници на протестите, кој број наводно изнесува неколку десетици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени


