| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска рација низ тетовски кафетерии

tetovoПолицијата ги „тресеше“ кафулињата низ Тетово. Регистрирано е прекршување на одредбата за забрането пушење во затворени простории. Тетовските полицајци ја спровеле акцијата во саботата вечерта од 20 до 23 часот, заедно со службеници на Управата за јавни приходи.

Во акцијата биле контролирани шест угостителски објекти во централното градско подрачје, на улиците ЈНА, Маршал Тито и 133. Се контролирало пушење во затворени простории, присуство на малолетници, точење алкохол на малолетници и евентуално присуство на странски државјанки, како и поседување и употреба на фискални апарати.
Во контролата, полицијата утврдила шест прекршоци на пушење во затворени простории, по што изготвила шест покани за наплата на глоба до сопствениците на угостителските објекти каде што се пушело, како и до шест поединци кои биле фатени како пушат во нив. Други прекршоци не биле регистрирани.
Во оваа акција биле утврдени и прекршоци од областа на фискализацијата, за што УЈП треба дополнително да соопшти кои објекти и на кој начин ја прекршиле оваа одредба.
Вакви и слични контроли полицијата и службениците на УЈП најавија и во други објекти во Тетово и околните места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top