| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата во гостиварското село Горна Ѓоновица

ограбена цркваОграбена е црквата „Св.Никола“ во гостиварското село Горна Ѓоновица. Кражбата се случила во периодот од 26 јануари до вчера, а ја пријавил денеска жител на селото. Според информациите од СВР Тетово, засега непознати сторители провалиле во црквата и од касата каде се чувале доброволните прилози од верниците одзеле 1.000 денари, а ги украле и двете позлатени лажички кои се користеле за причестување.
Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите. Вкупната материјална штета се проценува на 18.000 денари.
Годинава ова е прва кражба во верски објект на гостиварското подрачје, а втор случај регистриран во полошко. Пред неколку дена во манастирскиот комплекс во Лешок во потрага по злато диви копачи ископаа коски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top