Пејачката Мајли Сајрус, која често е критикувана за начинот на облекување и наводната употреба на дрога, упати мудри зборови кон пејачот за тешкиот период во кој се наоѓа.
“Ти имаш многу пари и им плаќаш на одредени луѓе, за да се грижат за твојата безбедност”, рече ѕвездата во шоуто на Џеј Лено. ”Јас претрпев многу остри критики, но не правам ништо лошо. Се што правам е легално во Калифорнија. Сум правела многу глупости, но ништо од тоа не го преминало законот”, додаде ѕвездата.

Изгледа дека целото семејство на пејачката го поддржува Bieber, бидејќи таткото на пејачката исто ја коментирал темата. ”Многу луѓе ме прашуваат каков родителски совет би му дал на Џастин. Ништо конкретно, само би му рекол дека сигурно многу луѓе зборуваат за него во моментов, а тој треба да се опушти. Го викнав да дојде со мене, на пример во Тенеси “, рече Били Сајрус во интервју за” Access Hollywood “. “Ајде да одиме во некоја индијанска колиба, запалиме оган, и се одмориме малку. Само размисли кои се важните нешта во животот, опушти се и се врати се повторно во живот”, додаде Били.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


