| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските и бугарските новинари ќе шират позитивна клима за да му помогнат на бизнисот

makedonija-bugarija_201422122419

Македонската и бугарската новинарска фела ќе развива меѓумедиумски дијалог со цел ширење на една позитивна клима и атмосфера за развивање на бизнис релациите, културната соработка и поттикнување на политичките елити во решавање на заемните односи.

Ова е договорено на дводневниот дијалог меѓу новинари и медиумски институции од Македонија и Бугарија, на иницијатива на Македонско-бугарската стопанска комора.

Треба да се направат повеќе чекори преку медиумите за народите да комуницираат повеќе. Прв чекор за поголема комуникација меѓу новинрите и медиумите треба да биде пренесување преку кабелските мрежи на Македонската национална телевизија во Бугарија и обратно на Бугарската во Македонија.

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски потенцира дека во правец на создавање подобра комуникација е создавањето симбиоза меѓу медиумите за подготовка на добрососедските и зголемените бизнис релации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top