| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Мојес продолжува да руши рекорди

Тренерот на Манчестер Јунајтед Дејвид Мојес кој го наследи на клупата легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон продолжува со рушење на рекордите. Тоа што со години е градено од тимот на Манчестер, Мојес успеа за само неколку месеци да го сруши. Њукасл, Свонси, Стоук, ВБА не успеваа со децении да дојдат до победа на „Олд Трафорд“. Сепак со доаѓањето на шкотскиот стручњак на клупата на „црвените ѓаволи“ овие тимови успеаа да слават и да се радуваат на победата.
Со вчерашниот пораз од Стоук срушена е рекордот стар дури три децении. Претходните 30 години Стоук никогаш не успеал да го победи Манчестер Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top