
Принцот Џорџ, шестмесечниот наследник на англискиот престол, моментно ужива со мајка си на своето прво летување на Карибите. Кејт, заедно со принцот Џорџ им се придружија на семејството Мидлтон и заедно одмараат на островот Мистик. За жал, нејзиниот сопруг принцот Вилијам морал да остане дома, за да учи.
Летувањето на Карибите е традиција на семејството Мидлтон кое во ова време од годината летува на овој тропски рај, со цел да побегне од англиската зима.
Овој остров стана популарно одморалиште за богатите и моќните, откако сестрата на сегашната британска кралица, принцезата Маргарет таму изградила летниковец.
Изнајмување на една вила неделно чини околу 24 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


