Заев си има сега друга цел, убаво му е во Скопје, на лидерското столче во СДСМ, опкружен е со секретарки, со луксузно партиско возило. Човекот си има некој сон дека сега Македонија треба да ја води тој, и таа да биде уште еден негов “тендер“ за него, неговата фамилија и неговата партија. Тој Струмица ја заборави. Ова во интервју за КУРИР го вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица на локалните избори во 2013 година, Васил Пишев, во интервју за Курир.
-Тој Струмица ја заборави. Денес не му ги знаеме неговите идеи, не ги знае и тој, единствена работа му е преку разни методи и бизнис зделки да купува гласови, мисли дека граѓаните ги купува со тоа што ги вработува во општинската администрација и јавните претпријатија, а полна му е устата за новодна партизирана администрација, прекрасно му функционира системот на уцени и притисоци, отпишува долгови за лојалност, и најважната негова работа кога ќе си стане од сабајле е како да склучи тендер со неговите братучеди, како да ги купи бизнисмените и потоа да ги уценува за партиски гласови на конто на СДСМ, и така секој ден. Тоа се неговите маневри, и такви да очекуваат граѓаните и на следните избори, вели Пишев во интервјуто.
КУРИР: За локалните избори 2013 година, се истакнавте во прилично “европска кампања“ и бевте првиот член од ВМРО ДПМНЕ кој ги обзнани корупциските скандали. Како сега гледате на ова, имајќи во предвид дека секојдневно во јавноста излегуваат информации според кои Заеви добивале милионски суми на тендери?
ПИШЕВ: Најпрво, во делот за кампањата за локалните избори 2013 година, искрено ви благодарам за комплиментот, вистина е дека мојата кампања беше добро обмислена и конципирана и прилагодена кон потребите на Струмица и струмичани. Видете, ВМРО –ДПМНЕ е прогресивна партија, таа наметна стил и репер за секој политичар, во мојата програма вграден беше темелот и стилот на мојата матична партија, а тоа е програма со визија, програма која почива на прогрес и развој во сите сфери, програма која има динамика и рокови.
ВМРО – ДПМНЕ кога прави програма и кампања се прилагодува на времето, просторот и дејствувањето, програмата не е само парче документ на кој ќе излезеш на телевизија и ќе мавташ на граѓаните дека поседуваш парче хартија со кој ќе им ги решиш сите проблеми. За мене, а и за мојата партија, програмата преставува “Договор со народот“, ние сме на терен и ги знаеме и воочуваме проблемите, и после тоа гледаме што можеме да ветиме, а потоа да видиме кога и со колку можеме да помогнеме, и потоа тоа го преточуваме во програма, и после некое време треба да излеземе со отчет и да кажеме што сме сработиле.
Нашите програми и кампањи се модерни и европски, поткрепени со медиумска промоција, и тоа е сега начинот како да се прилагодите на глобалното време, мораме да ги следиме промените , и да го темпираме со начинот на работа и дејствување. Ама тоа е само еден сегмен, а вториот во кој нема некоја голема филозофија е макотрпна работа, ден и ноќ.
За вториот дел од прашањето, околу корупциските скандали кои го тресат СДСМ и нивниот лидер, можам само да кажам дека во мојата кампања имав должност на граѓаните преку документите и фактите кои ги поседувам, да им ја кажам вистината како СДСМ и Заев дејствуваат, работат, “печалат“ , и за некого тоа е скандал, за мене лично не е нешто ново и непознато, па СДСМ од нивното постоење па до сега е синонима за транзиција, криминал, афери, корупции.
КУРИР: Бевте кандидат за градоначалник на Струмица и директен противник на Зоран Заев. Токму поради ова имате право да опишете каков изборен противник е Заев и со какви методи и политички маневри се служи?
ПИШЕВ: Ова прашање ќе го искористам за илустративно да направам една јасна паралела помеѓу филозофијата на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, и мило ми е што ќе можам преку мојот личен пример тоа да го направам., и одтаму ќе излезе заклучокот каков противник е Заев.
За да се канидадираш за нешто, треба да имаш мотив, визија, идеа, да сакаш нешто да направиш, изградиш и оствариш, само накратко за мене, јас сум реализиран човек, доаѓам од приватниот сектор, од бизнисот, мојата фамилија во Струмица веќе трета генерација се еснафи, мојот мотив не беше да влезам во политика и да бидам градоначалник, за да се богатам, да давам тендери на целото мое семејство, туку напротив.
Ако се сеќавате, имаше оглас за кандидати за градоначалници, во кој условот беше да се преставите со програма и визија, потоа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ме повика и ми ја даде довербата да можам да трчам за татко на Струмица, значи во мене имаше искрен мотив, но и програма која морав да ја реализирам ако победам.
Во СДСМ јас не се сеќавам дека во таа “голема демократска партија“ имала некогаш јавен повик и да има натпревар со програма за идеи и визии, Заев си ја обзнани кандидатурата, ама мотивот таму веќе беше друг, а денес тоа го гледаме, тендери, афери, корупции, богатење. Скоро никој веќе во Струмица не го препознава Заев, човекот нема лична идентификација, нема идеа, визија. Погледнете ја денес Струмица и еве вие направете компарација со некоја просечна општина која ја води човек од ВМРО ДПМНЕ, во која се гради, водоводни мрежи, комунални инфраструктурни зафати, улици, градинки, училишта, сали.
Заев си има сега друга цел, убаво му е во Скопје, на лидерското столче во СДСМ, опкружен е со секретарки, со луксузно партиско возило. Човекот си има некој сон дека сега Македонија треба да ја води тој, и таа да биде уште еден негов “тендер“ за него, неговата фамилија и неговата партија. Тој Струмица ја заборави. Денес не му ги знаеме неговите идеи, не ги знае и тој, единствена работа му е преку разни методи и бизнис зделки да купува гласови, мисли дека граѓаните ги купува со тоа што ги вработува во општинската администрација и јавните претпријатија, а полна му е устата за новодна партизирана администрација, прекрасно му функционира системот на уцени и притисоци, отпишува долгови за лојалност, и најважната негова работа кога ќе си стане од сабајле е како да склучи тендер со неговите братучеди, како да ги купи бизнисмените и потоа да ги уценува за партиски гласови на конто на СДСМ, и така секој ден. Тоа се неговите маневри, и такви да очекуваат граѓаните и на следните избори, повторно Струмица ќе стане бојно поле на Заев. Е, сега има тука еден клучен момент, можеби еднаш му поминало тоа, но кај Струмичани тоа по втор пат нема да помине, тој не ги познава струмичани, си го потценува народот, длабоко го промашил струмичкиот граѓанин, нека спие на тоа уво дека пак ќе помине со уцени, закани и бизниси. Утре ден ќе го прашаат до кај му се ветуваните проекти, каде е индустриската зона Сачево, нема ни еден камен ставено, каде му е ветеното дека ќе вработи 3000 лица? Каде му се 30 фабрики? Каде се 1000 информатичари? Кај се трите индустриски области, кај се 300 локации ?? Манипулација и лага до немај каде.
Тоа му се маневрите и методите, тоа е разликата меѓу нас тогаш, и меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ сега, тогаш разликата меѓу мене и него тој си ја направи со купување на гласовите на посиромашните гласачи со таканаречени “субвенции за простување на долгови кон ЈП Комуналец“. Ова беше лага паракселанс.
КУРИР: Веќе долги години сте сограѓанин на Заев, пред двајцата да бидете во политиката и да станете лути ривали, дали лично сте се познавале и комуницирале?
ПИШЕВ: Да, се познаваме од поодамна, тогаш Заев беше скромно момче, ми пристапи неговиот покоен чичко кој го ценев и ме замоли да го запознам Заев со еснафите, да му помогнам да се уклопи во друштво. Заев беше скромното момченце кое јас го запознавав со Струмица, му кажував за начинот на живот, на облекување и на однесување кога си со еснафот. Луѓето тоа го знаат, Струмица е град на еснафите, се води градски живот. Во Струмица секој се знае со секого, си ги знаеме фамилиите, си знаеме кој што стекнал, на кој начин го стекнал, кој каков студент бил или војник, видете, во Струмица многу е важен образот, ако го изгубите или го извалкате тогаш тука не ни припаѓате.
Жал ми е што Заев не ги послуша моите совети, не би сакал да верувам дека зборот “еснаф“ тој лично погрешно го разбрал и го заменил со аристократ, бизнисмен, мултимилионер, но вака кога ќе размислам подобро верувам дека не ни сакал тоа да го разбере, тој можеби е најбогатиот `еснаф `во Македонија кој само во возен парк поседува милионски суми
КУРИР: Колку ги познавате развојот и чекорите на Зоран Заев во политиката и бизнисот?
ПИШЕВ: Ова е многу тешко прашање бидејќи добро го познавам Заев и не можам да се изначудам на неговите чекори и во погрешниот развој во кој тргна тој, но од друга страна е корисно медиумско прашање бидејќи луѓето сега ќе имаат престава од блиску кој е Зоран Заев и каков е, и дека тој е истиот човек кој сака да ја предводи Македонија, македонската економија, стопанство, надворешна политика, тој е човекот кој сака нели да ја врати средната класа.
Ќе почнам од почетокот на неговиот развој, бидејќи овој пример може да биде школски пример и да се изучува понатаму во образованието како транзицијата прави од скромно дете до богаташ, како криминалот може неколкукратно да те збогати, народски кажано, да видиш што можат парите да ти направат во животот.
Го ценам само делот од неговиот живот кога работеше во продавница и продаваше млеко, можеби заработуваше помалку ама чесно, понатаму веќе човекот се изгуби, остана само неговиот скромен и милозвучен глас со кој се прави жртва. Ве молам, дали може некој да ми објасни како може човек кој пред 10 години работел скромна работа, а денес да “тежи“ повеќе од 40 милони евра, дали тоа е можно со чесна работа ако ги имаме во предвид денешните околности?! Не може, тоа може само со криминални бизниси, Заев и неговата фамилија поседуваат, ИГМ Еленица, Конфекција Герас Цунев, Пелагонија Струмица, ИГМ Киро Ќучук, Ловно друштво Ловен дом на Цареви Кули, Хотел Централ, Хотел Тивериопол, Треска 1 Струмица, Треска 2, згради, локали, фабрики, оранжерии, луксузни возила и др.
И сега? Па во Италија зборот фамилија е синоним за ,,Коза Ностра,, се да остане во фамилијата, државата и граѓаните кој ги врти, и ете ја Струмица кај е сега , таа живее како во 70 години и наликува на Палермо или Сицилија која на чело има клан, фамилија Заеви, кои сакаат да ја претворат во нивна империја, кнежество, а тие да бидат принцови, кнезови.
И сега некој нека ми објасни, може ли овој човек Зоран Заев кој стои на чело на оваа фамилија, да стои на чело и на државата? Не можам да се изначудам искрено како ќе ја враќа средната класа, кога тој во Струмица ја уништи, тука има место само за неговите фамилии, каков е тој социјалдемократ на овој свет кој е мултимилионер? Тогаш тој е уникатен, тој можеби е единствен социјалдемократ кој во исто време е мултимилионер и сака да ја враќа средната класа, како ќе го стори тоа, со кој интегритет, со личен пример ли?. И ај сега некој нека ми каже дека во СДСМ има смена на раководство?
Нема, тоа е ген, клетка, клонови, таму има само елитизам, богатење, криминал до криминал, таму има хипотеки, таму не се знае кој пие кој плаќа, кој со кого е, против кого е, зар тие ќе ни ја водат државата, зар ние сите треба да станеме залог, хипотека, за каприците и грешките нивни.
Зар Заев ќе ја води државната политика, утре може ќе седне со Обама или Путин и ќе им каже дека треба да виткаме кичма? Па никој жив не го знае неговиот став за името, надворешната политика, час во час се менуваат, звучи смешно ама тој едно сабајле едно мисли, после ручек друго, и до вечер излегува трето, нема став, нема конуинуитет, таму само контуинуитет има богатењето, криминалот.
Какви ли закони ќе носи, кога правниот систем констатираше криминал за случајот Глобал, а тој беше аболициран, зошто беше аболициран ако беше чист и не беше виновен, туку тоа беше дворска игра на СДСМ и нормално ние треба да бидеме заложници, каков е тој интегритет, човечки, морален, еднаш вели ќе вработува, друг ден вели ќе брка од работа од чистачка до директор.
Еден ден ќе јаде живи луѓе, друг ден им вели ќе им биде подобро со него. Па човекот на 24 Декември беше до Бранко кога почнаа да ги газат полицијаците на земја, и сега истиот тој ли ќе им ја крои судбината Тој и неговата партија ја погребаа социјалдемокатијата и ја уништија средната класа.
Целото интервју овде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!