| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесет мртви во ерупција на вулкан во Индонезија

vulkan

Индонезискиот вулкан Синабунг на западниот остров Суматра еруптираше во саботата и притоа згинаа најмалку 11 луѓе, што не е првпат во негова ерупција да има човечки жртви, соопшти висок владин функционер.

Вулканот Синабунг, на северниот дел од индонезискиот остров Суматра, кој почна со последната фаза од процесот на ерупција во средината на септември, исфлрил 30 пати вулканска пепел и исфрлил огромни количества лава којашто се разлетала до 4.000 метри во височина. Синабунг до пред три седмици исфрлaше лава 60 пати, а некогаш столбот од вжарената маса достигнуваше и до 5.000 метри во височина, што укажува на моќта на експлозијата на овој вулкан. Владата евакуираше најмалку 25 илјади жители во близина на вулканот.

„Единаесет луѓе загинаа претпладнето во ерупцијата и бројот на мртвите може да расте. Во оваа фаза не може да се спроведе евакуација поради можните нови ерупции”, изјави за Reuters функционерот Анди Ариеф.

Вулканот Синабунг или познат кај локалното населени е и како Огнената планина, се наоѓа во близина на Медан, главниот град на провинцијата Северна Суматра. Синанбунг, кој беше неактивен речиси цел век, првпат се „разбуди” во септември 2010 година, а потоа и во август 2013 година. На 15-ти септември 2013 година, по три години вулканот повторно проработи кога од своите домови беа евакуирани 15 илјади луѓе. Во текот на претходните лански ерупции на Синанбунг, први за повеќе од четири века, загинаа две лица, а во средината на јануари жртви беа 16 луѓе.

Индонезија се наоѓа во ткн Пацифички огнен прстен, моќната тектонска раседлина. Плочата којашто се формира на дното од Индискиот Океан се „притиска” под азиската тектонска плоча, од којашто дел де Суматра. Акумулираните тектонски тензии потоа се ослободуваат во форма на земјотреси и моќни гигантски ерупции. Во Индонезија се наоѓаат најмногу од активните вулкани во светот, дури 130. Во ерупцијата на вулканот Мерапи, на централниот остров Јава, кон крајот на 2010 година загинаа 350 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top