На средно Водно синоќа бил пронајден автомобил Опел вектра кој паднал во провалија. Во несреќата нема повредени, а сопственикот на автомобилот е уште непознат, информира СВР Скопје. Случајот во полиција го пријавил Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“.
Од полицијата велат дека на локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште имало паднато возило во провалија, а полициски службеници веднаш излегле на местото на анстанот и пронашле „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки.
Возилото било затворено и празно и по извршената проверка утврдено е дека нема лица во близина на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.