| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Луис Арагонес, тренерот со кого Шпанија ја освои европската титула

Утрово по кратко боледување почина Луис Арагонес. Познатиот фудбалски тренер почина во 75 година од животот. Тој е селекторот кој со шпанската фудбалска репрезентација ја освои европската титула во 2008 година. По неговото заминување Шпанија продолжи да реди успеси со новиот селектор Винсенте Дел Боске и успеа да освои светска титула во 2010 и да ја одбрани европската во 2012.
Освен на кормилото на шпанската репрезентација Арагонес беше тренер и во Атлетико Мадрид, Барселона, Бетис, Еспањол, Севилја, Валенсија, Овиедо и Мајорка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top