| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвена звезда“ му го честиташе на Антиќ настапот на „Ол Стар“ викендот

Кошаркарскиот клуб „Црвена звезда“ на својот „Твитер“ профил му го честиташе настапот на „Ол стар“ викендот на својот поранешен играч Перо Антиќ. Антиќ на „Ол Стар“ викендот во Њу Орлеанс ќе учествува во натпреварот кој е наречен „Ѕвезди во подем“. „Ѕвезда во подем“ е Перо Антиќ! Поранешен играч и голем навивач на Црвена звезда и на тој начин ќе биде дел од НБА Ол Стар викендот“, стои на Твитер профилот на Црвена звезда. Перо Антиќ, во својата деби сезона се преставува во одлично издание во НБА лигата, на досегашните 29 натпревар има просечен учинок од 5,8 поени, 3,4 скока и една асистенција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top