| четврток, 6 декември 2018 |

Драган Каранфиловски-Бојс ќе ја добие „Златната бубамара“ за животно дело

8D60333A3C3A664797480BE7442857B4

Дра­ган Kа­ран­фи­лов­ски-Бојс е го­ди­наш­ни­от до­бит­ник на наг­ра­да­та за трај­ни вред­нос­ти на ма­ни­фес­та­ци­ја­та „Злат­на бу­ба­ма­ра на по­пу­лар­нос­та“, објави „Дневник“. Поз­на­ти­от кан­тав­тор на рок, поп, пес­ни за де­ца, па ду­ри и шан­со­ни ги соз­да­де хи­то­ви­те „Опас­но сум вљу­бен во те­бе“, „Ва­ле­ри­ја“, „Лу­лај ме неж­но“, „Па­ри­жан­ка“, „Ве­се­ла ро­ман­ти­ка“, „Аф­рич­ко ле­то“…

Kа­ри­е­ра­та ја поч­на рок-му­зи­ка­та во 1973 го­ди­на фор­ми­рај­ќи ја гру­па­та „Ма­ке­до­ни­ја“. Сво­и­те нај­го­ле­ми ус­пе­си, ка­ко ав­тор и му­зи­чар, ги ос­тва­ру­ва ка­ко член на то­гаш кул­тна­та би­тол­ска гру­па „Мад­ри­га­ли“, пре­и­ме­ну­ва­на по­доц­на  во „Трн во око“. Со овие бен­до­ви ги сни­ми сво­и­те нај­поз­на­ти рок-пес­ни, а со „Мад­ри­га­ли“ во 1977 го­ди­на на ги­та­ри­ја­да­та во За­е­чар ја ос­во­ју­ва пр­ва­та наг­ра­да од пуб­ли­ка­та и пр­ва­та наг­ра­да од му­зич­ко­то спи­са­ние „Џу бокс“.

Од опу­сот со пес­ни што ги на­пи­ша за дру­ги пе­ја­чи, и де­нес се слу­ша­ат „Ја­ну­ар­ска ноќ“ на За­фир Ха­џи­ма­нов, „На ми­нус 23“ на Трај­че Ма­нев, мак­фес­тов­ска­та „Ис­кро мо­ја“ на Игор Џам­ба­зов и „За­ве­ди ме“, ко­ја ја сни­ми не­го­ва­та ќер­ка Ве­ри­ца Kа­ран­фи­лов­ска. Ток­му таа ка­ко дел од жен­ска­та чет­вор­ка „ХХЛ“ ја прет­ста­ву­ва­ше Ма­ке­до­ни­ја на Ев­ро­сонг во 2000 го­ди­на со реф­ре­нот што тој го на­пи­ша „100%  те  љу­бам“.

Дра­ган Kа­ран­фи­лов­ски пос­лед­ни­ве го­ди­ни ак­тив­но тво­ри и дет­ска му­зи­ка, а е ав­тор на му­зи­ка­та и за не­кол­ку ТВ-еми­сии. Тој бе­ше ини­ци­ја­тор на би­тол­ски­от фес­ти­вал за ти­неј­џе­ри „Старс“, на кој сво­и­те пр­ви че­ко­ри на му­зич­ка­та сце­на ги нап­ра­ви­ја Влат­ко Или­ев­ски и Ѓор­ги Kрс­тев­ски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top