Судејќи според извештаите во француските медиуми, но и по изјавата на Клаудио Раниери, тренерот на Монако, клубот е заинтересиран за услугите на Димитар Бербатов.
Популарниот Бугарин моментно настапува за Фулам, а Монако во него гледа идеална замена за повредениот Радамел Фалкао, кој поради повреда најверојатно ќе ја пропушти сезоната.
Искусниот Бербатов и неговите напаѓачки квалитети биле пресудни за тимот на Монако да се заинтересира за неговите услуги, а се чини многу реално бугарскиот напаѓач да ја прифати понудата и повторно да ја промени средината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.