Македонските приватни субјекти, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Од нив во Македонија од декември преку Охридска банка веќе се достапни шест милиони евра, а од крајот на идниот месец достапни ќе станат и дополнителни три милиони евра. Досега до банката се поднесени една апликација и четири барањa од приватни субјекти.
Промоцијата на новата кредитна линија и изработката на акциски план за поголема вклученост на македонските компании за аплицирање за средствата за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, беа тема
на денешната средба на министерот за економија Ваљон Сарачини со директорката на Канцеларијата на европската банка за обнова и за развој (ЕБОР) во Македонија, Анка Јоана Јонеску.
– Од следната недела Министерството за економија во соработка со ЕБОР почнува со директна комуникација и директни средби прво пред стопанските комори пред кои ќе се презентираат кредитните линии. Потоа ќе има презентации во повеќе градови во внатрешноста и средби со ЗЕЛС и градоначалниците каде што ќе се презентираат проекти за кои може да аплицираат – рече Сарачини по средбата.
Тој посочи дека цел е да се анимираат повеќе фирми од приватниот сектор, но и јавни институции и општини, за да може да ги користат кредитните линии за инвестиции во енергетска ефикасност.
– Максималниот износ на една кредитна линија е до 2 милиони евра за приватниот сектор, но за секоја успешна апликација се доделува и грант во вредност од 5 до 10 проценти од инвестицијата. Истото се однесува и за општините, но ним им се доделува грант во износ од 10 до 15 проценти – појасни Сарачини.
Директорката Јонеску информира дека од претходната кредитна линија во Македонија се поддржани 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра. Од нив 18 пректи се во областа на енергетската ефикасност, 16 од обновливите извори на енергија и четири комбинирани проекти од областа на енергетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делчевското ОУ „Св. Климент Охридски“ за една година побогато за 520.000 денари
-
Договор за набавка на четири нови електрични локомотиви
-
Невидена дрскост: Колку повеќе опаѓа интересот за играње револуција, толку повеќе се радикализира сквернавењето (ФОТО+ВИДЕО)
-
Eнергетската ефикасност во домовите, со помали трошоци до поквалитетен живот